Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид со победа стартуваше во плејофот

Битола/Охрид, 13. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Голема победа на ГРК Охрид на стартот од разигрувањето за титулата и местата кои водат во Европа.

На гости во Битола го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 23:26 (11:14). Дрогришки и Цирар постигнаа по 7 погодоци, Бојаниќ 4, а голманот Миленковиќ имаше 14 интервенции.

May be an image of 5 people, people playing sports and indoor

Следен противник на „гладијаторите“ ќе биде шампионот Вардар, што ќе биде премиерен натпревар дома во новата полусезона.

Воедно на овој меч и навивачката група „Рибари“ се враќа во сала за да биде ветар во грб за охридските ракометари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука