Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Врснички едукации за превенција на болести од зависности во охридскиот Црвен крст

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.

Беа одржани 3 врснички едукации за превенција на болести од зависности во основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Николески“ со учениците од седмо, осмо и деветто одделение, а врснички едукатор беше Борче Исакоски.

Од Црвениот крст информираат дека околу 80 учесници се запознаа со тоа што значи зависност, зошто настанува, каков ефект имаат наркотиците врз организмот и како се спречува зависноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука