Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 2,3 степени по Рихтер во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга

Скопје/Охрид, 24. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 24-ти февруари 2023 година регистрираше земјотрес 109 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 12:19 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука