Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за лице од Охрид поради вршење јавен превоз без лиценца

Охрид, 25. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Д. од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

– При контрола извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки што го управувал пријавениот и притоа, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган во согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука