ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во блатото кај населбата „Црногорци“, делови од Горно и Долно Лакочереј без електрична енергија (Фото/Видео)

Охрид, 26. февуари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делови од Горно и Долно Лакочереј попладнево се без електрична енергија, откако во блатото кај населбата „Црногорци“ избувна пожар во кој гори трска и нискостеблести растенија.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека горат сува трева, шавар и капини.

– Од РЦУК Охрид информираат дека од 17:30 часот во место викано Трно-Дебело поле, помеѓу населбата „Радојца Новичиќ“, селото Орман и селото Долно Лакочереј, гори сува трска, шавар и капини. Мометално ТППЕ Охрид се на терен со 4 противпожарни возила и 7 пожарникари, велат од ЦУК.

Жителите на социјалните мрежи реагираат бурно и напоменуваат дека ова се повторува секоја година.

– Секоја година истата приказна, само сега е проблем силниот ветер кој дува и постоеше и реална опасност и по дел од куќите. За среќа цела пожарна станица е тука, ама сепак ќе е тешко гасењето, велат за Супер радио и OhridPres.

Потенцираат дека сличен обид имало и синоќа и дека е крајно време некој да понесе и одговорност затоа што, според нив, не може некое неодговорно лице секоја година да го пали блатото, особено на ваков силен ветер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Николче Милески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука