ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ВИДЕО: Вработените во Основниот суд во Охрид надвор од просториите поради дојава за бомба (Фото/Видео)

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress јави рано утрово, вработените и комплетниот персонал во Основиот суд во Охрид, утрово, нешто после 08:00 часот, беа евакуирани од просториите, откако била примена дојава за поставена бомба.

До овој момент нема потврдени информации за начин на кој била извршена дојавата, но вработените еден час по дојавата и понатаму се надвор од просториите, каде екипи на Охридската полиција, Брза помош и Охридската пожарна се на терен.

За жал, ова е само продолжување на анонимните дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, но и во институции и трговски центри, претежно во Скопје и Прилеп.

No description available.

No description available.Денешната дојава за поставена бомба во Охрид доаѓа по онаа од декември минатата година, кога беше пријавена закана за поставена бомба во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука