Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пекарите најавија дека од денеска нема да произведуваат леб, ќе се приклучат ли и охридските производители?

Скопје/Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пекарите најавија дека од денеска нема да произведуваат леб, како реакција на најавата на владината мерка за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Охридските производители до овој момент, се’ уште без изграден став по ова прашање.

– Немаме став, не знаеме уште, Комората има состанок, треба да излезат со изјава. Кога ќе добиеме некој финален став ќе информираме, изјавија вчера за Супер радио и OhridPress.

Мерката ја предложи министерот за економија Крешник Бектеши која денеска треба да се усвои на владина седница. Анализите на министерството покажаа дека голем дел од компаниите за прехрамбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалија цените на производите и по три месеци, иако влечеа пари од џебот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука