Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градежни активности на улицата „Македонски Просветители“

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Согласно програмите за работа на Општина Охрид, а со цел обезбедување на функционалност на улицата „Македонски Просветители“ утре и задутре, среда и четврток, на 1. и 2-ри март 2023 година, ќе се изведуваат градежни активности за рехабилитација со асфалтирање на крстосниците на оваа улица со улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“.

– Поради тоа, на двете крстосници ќе има изменет режим на сообраќај. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат согласно изменетиот режим на сообраќај и по можност во текот на наредните два дена да не сообраќаат на посочените крстосници и да го избегнуваат движењето во централното градско подрачје, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука