ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Застапникот на Пендиков не ја знае неговата адреса во Софија, според адвокатот на обвинетиот „случајот се исполитизирал до страшни граници“

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Застапникот на Христијан Пендиков, претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Стефан Камишевски, вели дека оштетениот ќе се појави во судот штом заврши со лекувањето.

Истакна дека неговиот клиент денес не се појавил во судот поради здравствени причини. Додаде дека не го гледал неодамнешното интервју што неговиот клиент го даде за бугарската Бтв. Во однос на тоа каде престојува Пендиков во Бугарија, Камишевски рече дека кога ќе му биде соопштена адресата, тој ќе ја достави до судот, потенцирајќи дека воопшто нема тактизирање по ова прашање.

Истакна дека како оштетена страна ќе предјават отштетно побаруавање во текот на постапката, што ќе биде парично.

Димитрија Цобоски, адвокат на обвинетиот рече дека случајот се исполитиизра до страшни граници што може да штети на целата постапка и дека не стнува збор за напад од омраза, како што стои во обвинението.

– Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродската несреќа од 2009 година. Кога малиот прв беше кој кажа дека тоне бродот и кој е воспитан во еден дух секого да сака. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички призвук, се исполитизра до страшни граници што може да штети на целата постапка. Неспорно е дека Пендиков има повреда на долната вилица, но сето друго укажува на можноста тој и да патува и да биде присутен на расправата, но очигледно е некое тактизирање од неговата страна. Ако со внимание ги следите изјавите што ги дава Пендиков за бугарската национална телевизија тој спомна дека не знае кој го удрил од позади, кој го шутирал, дека бил тепан десет минути, а видео снимката кажува сосема поинаква состојба, потенцира Цобоски.

Додаде дека во текот на докзната постапка ќе се види во кој дел обвинителот ќе ја докаже основаноста на обвинението, а одбраната ќе предлага докази.

Денеска на првото рочиште одбраната на обвинетиот побара, а Судот прифати одложување, па главната расправа од судењето за напаѓачот на Христијан Пендиков е одложена за 5-ти април. На обвинетиот му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука