ЕКОЛОГИЈА Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Гир: Или заштита на Охридскиот регион или дивоградби, наше е да одлучиме

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Што се однесува до самите препораки на УНЕСКО, имате две различни визии кои што се однесуваат на оваа локација.

– Првата визија е да се сочува сето природно и културно наследство со кое изобилува овој регион и локација каде туризмот ќе може да се развие, луѓето да можат да живеат и да го сочуваат сето свое богатство, или другата визија, а тоа нелегалниот див развој, или диви градби, една визија која ќе го уништи сето тоа што ние сакаме да го зачуваме, а тоа е природното и културно наследство кое постои тука, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир за време на посетата на Охрид и додаде дека наше е да одлучиме дали ќе се посветиме на заштита на Охридскиот регион или на дивоградбите, јави vesnik.com.

Ова доаѓа непосредно по најавената мониторинг мисија на тим на УНЕСКО на Охридскиот регион и одлуката дали Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја.

Во септември годинава, УНЕСКО на 45-та сесија во Кина треба одлучува по извештаите што ќе ги подготви мониторинг мисијата. (Крај)

извор: vesnik.com фото: vesnik.com

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука