ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Јато фламинга во лет над Охридското Езеро (Видео)

Охрид, 17. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристите кои го посетија Охрид за Велигден годинава беа почестени со необична глетка – јато фламинга во лет над езерото.

Фламингата се крупни птици, високи над еден метар, а овој вид, Големото фламинго (Phoenicopterus roseus) е распространет на најголема површина, во Северна Африка, Јужна Азија, Јужна Европа и на Блискиот Исток, а се среќава и на север до германско-холандската граница.

Албанскиот фотограф Ardian Fezollari минатата година објави прекрасни фотографии од овие прекрасни прици, на албанската страна од езерото, во градот Поградец.

Фламингата не се гнездат на територијата на Република Македонија, но сепак се забележани повеќе пати при прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те години, во селото Езерани, на Преспанското Езеро. (Крај) (Крај)

извор: Курир фото/видео: Курир

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука