ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Априлско скијање на прекрасната Галичица (Видео)

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридски ентузијасти и вљубеници во скијањето и прекрасната Галичица викендов, на ден пред Велигден, уживаа во несекојдневно скијање на крајот на април.

Докажаниот вљубеник во планината и овој вид на спортови Зоран Димоски, повторно имаше ретка можност да ужива во скијањето, кон средината на април на прекрасната Галичица.

– Изминатиов празничен викенд заедно со екипата на skimacedonia уживавме во кавалитетниот снег на нашата ни мила Галичица, која со ункиатните погледи и пејсажи на двете езера додека скијаш плени длабоко во душата. Пролетниот снег годинава го има во изобилие, исто како и минатите години, што е голем потенцијал за продолжување на туристичката сезона во Охрид, а за жал неисористен. Се надеваме дека снегот ќе се задржи до мај, да оствариме уште некоја линија од нашите авантури, вели Димоски за Супер радио и OhridPress.

Тој сними и навистина прекрасно видео од неговата авантура со кое ја доловува комплетната убавина.

извор: ОхридПрес фото/видео: Зоран Димоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука