Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајна незгода во скопска Гази Баба, повреден 25-годишен мотоциклист од Охрид

Скопје/Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во 16:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Александар Македонски“ со улиците „Интернационални бригади“ и „16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 62-годишниот А.Ш. од скопското село Студеничани, и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот A.А. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука