ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Зголемен водостојот на Охридското Езеро, ама и понатаму е под месечниот просек

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Периодов се бележи речиси константен раст на нивото на водата во Охридското Езро, но и понатаму е под просечното за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,32 м.н.в, што е за 25 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 22 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 10 степени и е за 0,3 степени пониска во однос на месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Последнава недела езерскиот водостој е покачен за два сантиметри, а од почетокот на месецов за три сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука