Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријави за лица од Крива Паланка и Скопје поради коментари на Facebook со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишниот Б.С. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– На 22-ри февруари 2023 година, на објава на социјалната мрежа Facebook, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираат од МВР.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 68-годишниот Б.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 9-ти јули 2022 година, на објава од портал на социјална мрежа Facebook, тој напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука