Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Локвенец: Планирано е железничко поврзување со скопскиот и охридскиот аеродром

Скопје, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица „Бакарно Гумно“ која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар, истакна во интервју за порталот Локално директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Хари Локвенец, кој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.

– Преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно, но не и поважност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027 година. Додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, истакна Локвенец.

Според него, оправдан e интересот на македонската јавност за железницата зошто не само од економска туку и од стратешка важност е самата железница, водејќи сметка дека станува збор за суштински дел од критичната инфраструктура на секоја држава.

– Во овој момент како железница располагаме со 700 км пруги кои ги поврзуваат Табановце и Гевгелија на Коридорот X, Велес, преку Прилеп и Битола до Кременица и границата со Република Грција на Коридорот X д, Велес преку Штип до Кочани и делот од западното крило на Коридорот VIII, од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. Како ЈП „Македонски Железници – Инфраструктура“ насочени сме кон реализација на долгонајавуваниот на источното крило од Коридорот VIII кон Република Бугарија и финална подготовка на документацијата за западното крило кон Република Албанија, вели Локвенец. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука