Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Продолжува изградбата на детски и повеќенаменски игралишта во Општина Охрид

Охрид, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за изградба на детски и повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид.

– Во моментов завршува првата фаза од изградбата на игралишта на три нови локации и тоа во Елшани, Рача и на улицата „Карпош Војвода“. После целосната изградба на овие игралишта активностите продолжуваат на други предвидени локации низ градот, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука