Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Исчезна бистата на Славко Јаневски во Струга

Струга, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во Алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим.

Истата била откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин се видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите.

– Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во Полициската станица во Струга од страна на директорот на Струшките вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, јави Тв Телма. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука