Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 23. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– До средината на неделата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, до вторник во попладневните, а во среда во претпладневните часови. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука