Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други

Охрид, 23. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 10-ти aприл, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други.

Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период настрадаа илјадници христијани, што не сакаа да принесат жртви пред идолите и на тој начин јавно да се откажат од Христа.

Меѓу нив и денешниве 40 африкански маченици кои пострадаа од раката на тогашниот управник на Африка-Фортунијан. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука