Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Младите од Црвен крст организираат хуманитарна забава „Журкај се во боите на ПХВ“

Охрид, 23. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Финализираат активностите од годинешниот циклус Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), информираат од Црвен крст Охрид.

– Повеќе од 50 млади од Клубот на млади изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во пошироката заедница, меѓу кои подобрување на животните услови на деветочлено социјално загрозено семејство, уредување на сензорна градина за лица со попреченост, уредување на парк во ЈЗУ Општа болница и друго. Вредните и креативни младинци секојдневно изнаоѓаат начини да соберат финансиски средства потребни за успешна реализација на овие проекти. За таа цел е и организирање на хуманитарната забава под мотото „Журкај се во боите на ПХВ“, која ќе се реализира вечерва во Le Petit Bistro Lichnidos во Охрид, со почеток во 20:00 часот. Dress code за забавата се боите на ПХВ, жолто и бело. Ве очекуваме во недела, да се забавуваме со DJ Shoke, да бидеме хумани и да донираме, информираат од охридскиот Црвен крст.

Резервации на телефонските броеви: 075/505-236 и 072/698-480. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука