В петок реприза на комедијата „Несфатената цивилизација“ на Народен театар Охрид
Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – В петок, 28-ми април репризно ќе биде изведена најновата претстава на Народен театар Охрид, гротескна комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.
Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари. Почетокот на претставата е во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |