Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Стендап претставата „Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охриѓани

Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Стендап претставата „Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охридската публика.

Претставата е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

– Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија, информираат од Центарот за култура.

Почетокот на претставата ќе биде во 20:00 часот, а влезница чини 250 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука