Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Григор Прличев“ објави оглас за упис на првачиња во учебната 2023/2024 година

Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Григор Прличев“ од Охрид го објави огласот за упис на деца во прво одделение во учебната 2023/2024 година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2017 година, а кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, но и деца кои до 31-ви јануари 2024 година ќе наполнат 6 години, но по претходно барање на родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето.

Можеби е графика на 1 лице

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените, државјанство, лична карат од родител/старател, медицинска потврда за примени вакцини, како и потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед.

Документите се доставуваат лично во училиштето почнувајќи од 2-ри заклучно со 31-ви мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука