ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Започна мисијата на претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во Македонија, утре и задутре во посета на Охрид и Струга

Скопје/Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна мисијата на претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во нашата државата во врска со Отворениот фајл за: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и НП „Галичица“ – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата.

– На оваа мисија гледаме како на можност претставници на меѓународни стручни институции врз основа на ставови на различни засегнати страни, како и на теренски посети да дадат реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“ – кандидати за Емералд подрачја. Очекуваме дека проценката ќе рефлектира со одредени применливи препораки на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на утврдување на живеалиштата и дивите видови кои можат да бидат афектуирани од антропогени активности, како и препорака за мерки и активности за намалување на овие влијанија согласно постоечката состојба, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Мисијата, предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција Микаел Путиерс, утре и задутре продолжува со посета на НП „Галичица“, општините Охрид и Струга, како и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука