ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Агрон Речи од подрачната единица Охрид пред Владата даде заклетва како нов Државен правобранител на Република Македонија

Скопје/Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Новоименуваниот Државен правобранител на Република Македонија, Агрон Речи од подрачната единица Охрид, даде свечена заклетва на денешната 149-та владина седница.

Пред премиерот и пред министрите во Владата, тој се обврза дека ќе работи совесно, чесно и одговорно, согласно Уставот и законите.

Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука