ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се „бетонираТ“ Охридско Езеро

Поградец/Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се „бетонираТ“ Охридско Езеро…

Вака стои во описот на фотографијата објавена на социјалните мрежи, а на која се гледа, како градежни буквално истураат бетон во езерото.

Според прикажаното на фотографијата, најверојатно се гради мост, а направена е на потегот помеѓу Поградец и Тушемишта, на албанската страна на Охридското Езеро.

Истата е само уште еден доказ за колективната неодговорност на одговорните од двете страни на езерото. Охридското Езеро, поделено меѓу Република Македонија и Албанија се соочува со сериозни закани кои го уништуваат неговиот екосистем и го загрозуваат статусот на УНЕСКО.

Огромен проблем на албанската страна е и отпадот од рудниците во Албанија кој продолжува да го загадува екосистемот на најголемото езеро на Балканот. Илјадници тони рударски отпад, сè уште се наоѓаат на работ на езерото или се расфрлани во ридовите околу него.

Од УНЕСКО потенцираат дека рударската активност е некомпатибилна со светското наследство и и’ препорачаа на Албанија, за време на мониторинг мисија во 2020 година, најитно да ја премести и рехабилитира рударската депонија покрај езерото и да обезбеди трајно затворање на каква било рударска активност во овој регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука