Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец пријавил дека бил физички нападнат и под закана му бил одземен клучот од возилото

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти април 2023 година, во 18:45 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17:20 часот во угостителски објект во Охрид, лицата Б.М., А.А. и Н.А., сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.

– Според пријавеното, при нападот Б.М. го удирал со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука