Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Министерот Бектеши ги објави имињата на објектите кои продавале по повисоки цени, меѓу нив нема охридски маркети

Скопје/Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нема охридски маркети помеѓу трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените. Тие ќе добијат кривични пријави, објави министерот за економија во Владата на Република Македонија Крешник Бектеши.

Според него, во текот на вчерашниот ден биле оземени над 15 тони овошје и зеленчук од страна на надлежните институции, а има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Казнети се и увозници на овошје и зеленук, како и компании кои се занимаваат со малопродажба.

Министерот ги објави имињата на некои од поголемите маркети кои ја прекршувале владината одлука, како што се Веро, Кипер, Стокомак, Миса МКБ, Зендолино, Тинекс…

Појасни дека на овие трговци веќе им се изречени глоби, а дополнително за дел од нив, неделава, ќе бидат поднесени и кривични пријави.

– Во петок јавно ќе се покренат кривичните постапки, рече Бектеши.

Одлуката за цените ќе продолжи да важи и во наредниот период.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци.

– Во текот на минатиот ден Државниот пазарен инспекторт во координација со Финансиска полиција и МВР изврши увид на Кванташки пазар каде што се констатираа многу прекршоци. Изречена е глоба за Кванташкиот пазар, но и за многу увозници и она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да  дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции, кажа директорот Трајковски.

Директорот Трајковски најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.

– Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права, кажа директорот Трајковски. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука