ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Имате најдобри планови на хартија, но мора конечно да дојде до управување на терен, порачаа претставниците на УНЕСКО и Бернската конвенција

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во нашата држава на средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Во фокусот на интерес биле четири теми поврзани со нелегалните градби, животната средина, Студенчишкото блато и урбанистичкиот план „Горица Север“.

Пецаков, презентирајќи го досега преземеното, истакна дека е задоволен од состанокот и потенцира дека тој како градоначалник и локалната се подготвени да работат на постоечките, но и идните препораки и мерки што ќе бидат дадени. За одредени проекти била побарана и помош за реализација.

Нема достапен опис

– Го презентиравме она што е направено од кога сум јас градоначалник, но и претходно што се работело во таа насока. И тие се свесни дека нешто што 30 години или повеќе не било врз основа на некои принципи пред сé во урбанзацијата, не може преку ноќ да се поправи, меѓутоа нашите заложби како локална очигледно се добро примени, позитивно гледаат како би постапувале по однос на мерките за заштита на Охрид и охридскиот регион, истакна Пецаков.

Според експертот на мисијата на Бернската конвенција, Андреј Совинц, она што се случува со нелегалните градби е апсолутно недозволиво, особено за ова подрачје што има толкава глобална вредност. За вакви подрачја не е потребно да се ставаат само важни напомени на хартија, туку конечно да дојде до управување на терен.

Нема достапен опис

– Охридското Езеро е едно од 1.000 локации на оваа планета и е нешто посебно затоа грижата не е само на Охрид и Македонија туку и на меѓународната заедница. Ова што овде се случува со нелегалните градби навистина не би требало да случува, на подрачје што има толкава глобална вредност. Слушнавме дека оваа власт ќе се погрижи да запре тој процес и да се направи она што е потребно за да се реши проблемот со некои нелегални објекти. Имате најдобри планови на хартија, но мора да дојде до имплементација. Треба да се воспостави вистинска врска меѓу просторното планирање и управување на заштитените подрачја, потенцира Совинц, додавајќи дека е потребно едно тело кое ќе управува со светското наследство на регионот.

Нема достапен опис

Следен состанок, што се однесува на Бернската конвенција, е веќе закажан за крај на декември, кога врз основа на увидот што претставниците ќе го направт деновиве, ќе добиеме дополнителни мерки и препораки за спроведување во следниот период.

Претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите утре ќе ја посетат Општина Струга, а на средбата со градоначалникот ќе бидат апострофирани дивите градби како најголем проблем. Една од препораките сигурно ќе оди во правец како прво да се најде некој кој ќе управува, но на терен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука