ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Совинц: Никако не смее да се дозволи да се гради марина во каналот „Студенчишта“

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Добро да се осмисли каде ќе биде новата марина, јасно е дека во каналот, кај Студенчишкото Блато, тоа никако не смее да се случи, со тоа ќе дојде крај на овој блатен систем, истакна експертот на мисијата на Бернската конвенција, Андреј Совинц.

Тој додаде дека Студенчишкото Блато е едно од последните подрачја што имаат карактер на вистинско мочуриште, со посебни билки и особено птици, а како подрачје е многу загрозено. Проблемот ќе е раши само кога законот за негова заштита ќе се имплементира.

– Некои мислат дека само со Законот за заштита ќе се реши проблемот. Нема да го реши. Истиот ќе биде решен кога ќе дојде до имплементација на законот, кога ќе има промени на терен. Ова подрачје ќе исчесне за неколку години ако ведаш не се почне со некои мерки, како прво да се отстрани она што е штетно, тука е загадувањето, одземањето вода, илегални градби и потоа задолжително да се поврзе ова подрачје со езерото, инаку ќе пресуши за некоку години, подвлече Совинц.

Според него Студенчишкото Блато кое има голем туристички потенцијал, бидејќи сé повеќе туристи ќе доаѓаат да се восхитуваат на природата, да ги видат птиците, за тоа мора добро да се размисли пред нешто да се презема за овој простор.

Заедно со претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во нашата држава, тој денеска оствари средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. Во фокусот на интерес биле четири теми поврзани со нелегалните градби, животната средина, Студенчишкото Блато и урбанстичкиот план „Горица Север“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука