Забава Избор Култура ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Марија Младеноска од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ најдобра на регионалниот натпревар „Вива музика“ (Видео)

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Марија Младеноска од IV-5 клас, под менторство на проф. Љупчо Аслимоски, го освои првото место на регионалниот натпревар „Вива музика“.

– Со освоени 100 поени таа обезбеди учество на државното натпреварување, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.

Тие испраќаат честитки до Марија и менторот за успехот и им посакуваат уште поголеми достигнувања и на државното натпреварување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука