Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Инвентаризација на пештерите во НП „Галичица“ во околината на Трпејца

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е инвентаризација на пештерите во заштитеното подрачје Нaционален парк „Галичица“.

Активностите се во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Можно е да е слика од 1 лице и качување

Експертски тим од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки и биоспелеолошки испитувања во пештерите на Галичица. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст Охрид и истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со НП „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука