Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Хотелиерите очекуваат добра туристичка сезона, голема исполнетост за Први Мај

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Исполнетоста на сместувачките капацитети на охриско-струшката ривиера за велигденските и првомајските празници најавува добра туристичка сезона, вели првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ, Крсте Блажески.

За претстојниот продолжен празничен викенд хотелиерите очекуваат исполнетост од 70 до 80 проценти.

– Исполетоста е добра и повеќе од очекуваното. Според тоа, може да се каже дека ќе имаме и добра туристичка сезона на охридското крајбрежје, вели Блажески за МИА.

Иако цените за аранжманите се повисоки во однос на претходните години, сепак, тој тврди дека земјава останува поефтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.

И овој продолжен викенд, додава Блажески, најмногу гости ќе има од соседството, а нема да изостанат ниту домашните посетители. Периодов, нагласи, актуелни се кружните тури пред се, со туристи од Турција, а има и локлани групи од Грција.

– Холанѓаните и годинава остануваат најбројни на ривиерата со редовни чартер летови на ТУИ Холандија. Новина се чартерите на ТУИ Англија од каде има голем интерес и очекуваме поголема исполнетост со англичани, истакна Блажески.

Во однос на туристите од Србија, но и за поголема посетеност на охридско-струшкото крајбрежје единствена пречка, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери е изградбата на автопатот.

– Очекуваме поголем број туристи од Србија со авио-линијата Белград-Охрид, но мислам дека автопатот е единствена пречка за поголема посетеност. Штом ќе се направи се очекуа зголемување на српските гости за 30 до 40 проценти, а ќе се зголеми бројот и на домашни, нагласи Блажески. (Крај)

извор: МИА/Опсервер фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука