Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: Претрес во Велешта, приведен дилер

Струга/Велешта, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми април 2023 година, полициски службеници од Полициската станица од Струга го лишиле од слобода 20-годишниот Б.В. од струшкото село Велешта.

– При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука