Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Нови снимки од дивеењето на хрватските студенти во Охрид: Кршат и фрлаат прозорци надвор, наместо од чаши пијат од лустери… (Видео)

Загреб/Охрид, 18. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот.

Во редакцијата на хрватскиот портал „24 сата“ доаѓа продолжение на дивјаштвото на хрватските студенти во хотелот „Десарет’ во Охрид.

– Лустери наместо чаши, се фрлаат надвор прозорци. Сето тоа може да се види на новите снимки, пишува порталот.

– Беше тоа вистински крах и брејк. Сите дојдовме овде да се опуштиме, а некои малку ја преминаа границата, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа сѐ и се фалат со тоа на мрежите, изјавил студент кој учествувал на „Дифовијадата“ за хрватски „24 сата“.

На претходната снимка можеше да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален.

Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил: „Пожарот е предизвикан од инсталациите“.

– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјавил претходно хотелскиот менаџер во Охрид. (Крај)

извор: vecer.press фото: vecer.press

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука