Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Благодарница за младиот бербер Емин Алим за хуманитарната акција за бесплатно шишање

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Емин Алим доби благодарница од Црвен крст Охрид за неговата хуманитарна акција што ја реализира подолго време, за помош на оние на кои им е најпотрбна.

Емин полни три години бесплатно ги потстрижува ранливите категории граѓани во Охрид, кои не се во можност да одвојат средства за оваа намена.

Младиот Емин е средношколец и е трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид, но покрај школувањето, тој со љубов го работи и занаетот што го научи од неговиот татко, Неат Алим- Шогун.

Емин вели дека ќе продолжи со ваквата хуманитарна акција, без никаков надомест да ги услужи луѓето на кои шишањето им е финансиски товар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука