ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Елисавета Булоска и нејзиниот избраник Оливер Андреевски се годинашни невеста и зет на Галичката свадба

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Оливер Андреевски и Елисавета Булоска ќе бидат овогодишните зет и невеста на традиционалната Галичка свадба.

Ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар, порачаа од месната заедница Галичник.

– Со голема радост Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата, порачуваа од месната заедница. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука