ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се санираат последиците од невремето кај Љубаништа (Фото)

Охрид, 4. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид ги санираат последиците од невремето кое синоќа го погоди поширокиот регион на селото Љубаништа.

– По невремето кое вчера попладне го зафати пределот околу селото Љубаништа, веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ опремени со специјална механизација за расчистување на свлечиштето, а потоа се изврши машинско миење со цистерна. Денес од раните утрински часови дежурните екипи се повторно на терен за санирање на последиците и нормализирање на состојбата, информираат од претпријатието.

Додаваат дека се метат јавните површини во селото Љубаништа и се отстрануваат остатоците од наносите од земја и камења.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот кај Љубаништа се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

– На 3-ти јуни 2023 година, од 22:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај селото Љубаништа, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат од АМСМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука