ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот кај Љубаништа се одвива со наизменично пропуштање на возилата

Охрид, 4. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Македонија пат“ го расчистија патниот правец Охрид-Св. Наум кој беше непрооден по денешното невреме што го зафати регионот, особено делот над селото Љубаништа.

– На 3-ти јуни 2023 година, од 22:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај селото Љубаништа, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат од АМСМ.

May be an image of 1 person and road

Поради невремето кое го зафати југоисточниот дел на општина Охрид во реонот на селата Трпејца и Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид-Св. Наум во селото Љубаништа.

No photo description available.

Од 19:15 часот вечерва, регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај селото Љубаништа беше затворен за сообраќај.

Претходно, регионот беше погоден од силно невреме, проследено со силен ветер и врнежи од дожд и град. Жителите велат дека не паметат вакво невреме и додаваат дека била причинета огромна материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука