Избор Култура Локална самоуправа Охрид

„Мала ноќна музика” во збратимениот Крагуевац

Охрид/Крагуевац, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид беше вклучена од реализацијата на проектот „Мала ноќна музика“ чиј носител е збратимениот град Крагуевац од Србија. Покрај Охрид, партнери на проектот беа и градовите Бар, Црна Гора и Фоча, Босна и Херцеговина.

Како дел од активностите на проектот, во периодот од 2-ри до 5-ти јуни 2023 година, во Крагуевац, се одржаа работилници за Менаџмент во културата и двe концертни вечери, на кои настапија млади музичари од градовите учесници.

Во името на Охрид, во рамки на втората концертна вечер настапија младите охридски флејтисти м-р Даниела Петкоска, Светлана Богданоска Ристоски, Моника Стојкоска и Ана Матеска.

– Целта на проектот е продлабочување на пријателството помеѓу збратимените градови. Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан, Општина Охрид, Општина Крагуевац и музичкиот центар од Крагуевац, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука