Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Сертификати за основци од ОУ „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ кои изучуваа италијански јазик

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно изучување на италијански јазик.

Учениците од петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.

Предавачи по овој предмет беа универзитетската професорка д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа и Маја Мијаиловиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука