Забава Избор

Младиот охридски музичар Димитриј Топаловски со нова песна „Држава“ (Видео)

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По последната песна „Crypto“ од јули минатата година, младиот охридски музичар Димитриј Топаловски има нов сингл наречен „Држава“.

– Јас сум Димитриј, моето име како артист е Топал. Оваа песна е напишана за власта во Република Македонија, нагласувам Република Македонија, а не Северна затоа што за мене секогаш ќе остане Македонија. Се надевам дека песната ќе му се допадне на македонскиот народ, порачува младиот музичар.

Додава дека музиката за песната е изработена од продуцент од странство, а испраќа и посебна благодарност до Meckarov Наум Долоски за микс мастерот и големата поддршка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука