Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Тече рокот за поднесување барања за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) од Охрид ги известуваат земјоделците дека е во тек поднесувањето на барањата за субвенции, односно директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

– Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот или директно во канцеларијата на МЗШВ, подрачна единица Охрид, каде што ке добиете повеќе информации за програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Земјоделците ги потсетуваме дека рокот за електронското аплицирање е отворен до 30-ти јуни, информираат од министерството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука