Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Драган Наков и Филип Мишевски го преземаат управувањето и раководењето со „Хотели Метропол“

Скопје/Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Драган Наков и Филип Мишевски го преземаат управувањето и раководењето со „Хотели Метропол“ во Охрид.

– Драган Наков, кој е син на Штерјо Наков, ќе биде претседател на Одборот на директори на „Хотели Метропол“, компанија каде „Фершпед“ поседува 73,5 отсто од капиталот. Филип Мишевски ја презеде позицијата генерален директор на компанијата, јави порталот faktor.mk.

Минатата година, „Хотели Метропол“ беше најголема хотелиерска компанија на охридското крајбрежје со вкупен приход од 2,8 милиони евра и добивка од 90.000 евра. (Крај)

извор: faktor.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука