Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Инфо Сесија за новоотворениот акцелератор и повикот за финансирање на одржливи решенија во зелената и сината технологија

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 8-ми јуни 2023 година, во просториите на Акцелераторот за сина економија Охрид, при Универзитет за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе се оддржи Инфо Сесија за презентација на активностите на новоотворениот акцелератор како и тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.

– Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина до 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат. Сесијата е со почеток во 11:00 часот и присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумитеза учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема. На настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризами агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија, информираат организаторите, кои за сите заинтересирани повеќе информации нудат на следниот линк.

Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира Prime Blue Institute од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Македонија. Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Проектот е имплементиран од ГИЗ во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) како соработници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука