Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Меџити: Косовските граѓани ќе се лекуваат по исти цени во Македонија, презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат во болниците во Охридскиот регион

Скопје/Охрид, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство донесе одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Република Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани, пренесе Тв21.

– Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој наомена дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука