Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локален дожд попладне и температура до 27. степени

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за локален дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Денес во попладневните часови претежно во северните и источните делови, а за време на викендов и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука