Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски.

Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колци, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските. Но, маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и пораснаа во високи дрвја, од коишто големо мнозинство болни добиваа исцеление.

Најпосле, свети Терапонт беше заклан како јагне, во времето на Валеријан, и со душата се пресели во Царството Небесно за да ја гледа славата Божја во вечноста. Чесно пострада во 259 година. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука