Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ денеска со Отворен настан за „возбудив крај на учебната година“

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дали сте подготвени за возбудив крај на учебната година? – прашуваат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, од каде најавуваат Отворен настан со кој на посебен начин ќе го одбележат крајот на учебната година.

– Предвидени се отворени работилници за поттикнување на позитивна интеракција и емоција кај учениците преку музика, забава и знаење, информираат од училиштето.

Настанот ќе се одржи денеска, петок, 9-ти јуни 2023 година, во Градскиот парк на кеј „Македонија“, во периодот од 10:00 до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука